Видео Music-Video-Beyonce-Drunk-In-Love

17 декември, 2013

2 нови видео записа од Бијонсе

Како што веќе Ви пренесовме, познатата Р&Б дива Бијонсе пред неколку дена ненадејно го објави долгоочекуваниот и долгонајавуван петти студиски албум „Beyoncé“ и најави продолжение на турнејата „The Mrs. Carter Show“. Новото издание содржи 14 нови песни и 17 видео записи, од кои можеа да се прегледаат само по 30 секунди од секој од нив. А сега, кампањата за промоција на новиот материјал продолжува понатаму и веќе од вчера на нејзиниот VEVO канал целосно се достапни 2 нови видео записа. Станува збор за уште еден дует со нејзиниот сопруг Џеј Зи, односно темата насловена „Drunk In Love“, како и песната „XO“, кои можете да ги погледнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑