9 декември, 2013

2 нови песни и 1 видео запис од Џастин Бибер

Канадската ѕвезда Џастин Бибер на почетокот на октомври ја започна кампањата #MusicMondays, во чии рамки секој понеделник, десет недели со ред претставуваше по еден нов сингл. Серијалот започна со темата „Heartbreaker“, по која следуваа „Аll That Matters“ и „Hold Tight“„Recovery“„Bad Day“„All Bad“ и дуетот со Ар Кели„PYD“, а како осми сингл се појави песната „Roller Coaster“. Минатата недела беше претставена и деветтата тема „Change Me“, а како последен сингл денеска стигна песната насловена „Confident“, во која гостува колегата Ченс Раперот (Chance The Rapper).

Последните две песни можете да ги слушнете во продолжение, а видео записот за вториот сингл од овој серијал, темата „All That Matters“, можете да го погледнете горе.

 



Врати се горе ↑