Свет p-gs-vs

4 јуни, 2014

2 милијарди прегледи за „Гангнам Стајл“ и најава за нов сингл од Псај

Виралниот хит „Гангнам Стајл“ кој ја одбележа 2012 година, деновиве постави уште еден рекорд. Имено, песната која на „крајот на светот“ (21.12.2012) забележа 1 милијарда прегледи, деновиве успеа да достигне дури 2 милијарди, а интересно е тоа што преку 100 милиони прегледи се остварени само во текот на оваа година. Според статистиките, овој хит значително ја зголеми гледаноста и на останатите корејски изведувачи, а беше и првиот видео запис со најголем број прегледи и допаѓања воопшто.

По овој мега хит, Псај продолжи да го освојува светот и со „Џентлмен“, а сега, по пауза од скоро цела година, раперот најави нов сингл кој ќе го носи насловот „Hangover“ и ќе биде претставен на 8 јуни.

Во чест на новопоставениот рекод, под видео записот се појавува анимиран Псај кој танцува, а ако кликнете на „него“ на страницата ќе ви се појави и мноштво анимирани човечиња кои танцувајќи го формираат зборот „2 милијарди“ на корејски јазик (hanguk-mal).

 



Врати се горе ↑