30 јули, 2014

2 Чеинз со видео запис инспириран од Мајкл Џексон

Американскиот рапер 2 Чеинз (2 Chainz) направи римејк на еден од најпознатите видео записи на сите времиња – „Thriller“ од Мајкл Џексон. Како и за многу други изведувачи, Кралот на поп музиката го инспирирал и овој рапер, чија екранизација за темата „Freebase“ е направена во чест на планетарно познатиот Џексон.

За да нема забуни, на самиот почеток од видео записот раперот ја вклучи следната порака: „Ова видео е направено само за забава и е посветено на еден од моите омилени уметници. Во никој случај не смее да се сфати како начин на непочитување на наследството на еден од најголемите изведувачи на сите времиња.“ Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑