23 февруари, 2014

„Ту челос“ во барокно издание за видео записот „Thunderstruck“

Светски познатите хрватски виолончелисти Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер, познати како „Ту челос“, деновиве го претставија видео записот за нивната обработка на хитот „Thunderstruck“ од AC/DC, кој за само неколку дена собра преку милион прегледи. Интересно е тоа што момците овој пат приказната ја сместија во малку покласично барокно сценарио, а нивниот енергичен (и за тоа време скандалозен) настап ја шокира публиката. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Шулиќ и Хаусер, кои позади себе веќе имаат 2 албума, во моментов го придружуваат Елтон Џон на неговата турнеја, настапувајќи како дел од бендот, но и како гости со самостојни изведби.

 



Врати се горе ↑