Македонија zlatna-bubamara

25 јануари, 2016

19. „Златна бубамара“ под мотото „Да се собереме, пред да нè соберат“

Еден од најдолгоочекуваните настани во годината, 19. по ред доделување на „Златната бубамара на популарноста“ ќе се одржи кон крајот на февруари во арената „Метрополис“, а годинешното мото гласи „Да се собереме, пред да нè соберат!“, соопштија деновиве од радио „Бубамара“.

„Тик –так, Тик – так, ја најувуваме најпопуларната и најпосакувана манифестација создадена во нашата: лепена, сечена и демонтирана демократска држава – ’ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА’  во специјалното 19. издание под мотото:

ДА СЕ СОБЕРЕМЕ, ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ !  во Metro POLICE – Арена

Во третата недела од февруари, традиционално, по 19. пат ќе се оддржи спектакуларното доделување на наградите на најпопуларните уметници од Македонија и Екс Југословенските простори. Наградите ќе бидат доделени по список и редослед кој е прочистен и потврден од музичко забавната комисија на Радио Бубамара, со дозвола за увид два дена по денот на настанот, во рамки на одложената ТВ снимка со среќни ПИМ мерки.

Добрата забава и хумор  се потреба во секое нормално хумано опшество и тоа барем еден ден во годината, а додека го чекаме тој  убав ден во февруари, ви препорачуваме да продолжите да ќутите по дома и да дишете загаден воздух надевајќи се дека повторно ќе ве огрее ’Ново сонце на слободата’.

Режисерот и организаторот на оваа култна манифестација, Ранко Петровиќ, како и секогаш сценариото го крие во тајност и најавува дека овој голем празничен медиумски настан, повторно ќе биде во знакот на високо интелигентна сатира, пристоен  хумор, добра музика и аплаузи  за најголемите македонски и балкански уметници.

Датумот сè уште не е прецизиран, првиот можен весел датум за одржување е 18 февруари оваа година.

Ако сакате да се насмеете и кога не ви е до смеење, бидете со нас и во ова специјално издание.“

Дотогаш уживајте со минатогодишното издание под мотото „Смеете да се смеете, забавата е на наш грб“!

 



Врати се горе ↑