Свет lady_gaga_1920x1080 (1)

25 октомври, 2012

19 нови растенија именувани по Лејди Гага

Тим на научници реши цела една фамилија на папрати и 19 новооткриени видови да ги именува по познатата пејачка. Како што веќе докажаа, научниците имаат смисла за хумор и поп култура со тоа што еден редок вид на коњска мува во Австралија е именуван Scaptia (Plinthina) Beyonceae по пејачката Бијонсе, а ни тоа не било прв пат да се именува животински вид по славна личност. Постои жаба со име Hyla Stingi наречена по Стинг, пајакот Pachygnatha zappa  е именуван според легендарниот Френк Запа и уште еден вид пајак Heteropoda davidbowie, кој го добил своето име по Дејвид Боуви.

На ред дојдоа и растенијата. Имено, професорката по биологија Кетлин Прајер од Универзитетот Дјук изјави дека научниците на локации во Аризона, Тексас, Мексико и централна и јужна Америка пронашле цела една фамилија на папрати кои имаат „донекаде помешана дефиниција за сексуалност“, односно меѓусебно успешно се парат и два машки и два женски вида.  Исто така, наводно еден од студентите во нивната ДНК пронашол секвенци од аминокиселина во која од базите гванин и аденин се добива зборот ГАГА. Меѓу новите видови се наоѓаат и имиња како што се Gaga Germanotta, што е алузија на презимето на пејачката (вистинското име и е Стефани Џерманота) и Gaga Monstraparva (што би се превело како „мали чудовишта“).



Врати се горе ↑