Македонија skopski festival

14 ноември, 2013

180.500 денари од СМС пораките од Скопскиот фестивал одат за донација за Ацо Богдановски – Конга

По завршувањето на Скопскиот фестивал, организаторот МРТ информира за резултатите од гласањето и собраните средства – донација за нашиот музичар Ацо Богдановски – Конга:

Според официјалните информации, вкупниот број на пристигнати СМС пораки е 3260. Од нив 669 се валидни – пристигнати точно во определениот термин за гласање од 10 минути во рамките на директниот пренос од Скопскиот фестивал. Регистрирани се пораки пред и по завршување на терминот за гласање како и огромен број на повторени пораки (од еден телефон гласано е повеќепати).

Сите пораки, независно дали се пред, по терминот или повторени ќе бидат наменети за донација. Би сакале да ги повикаме сите останати кои сакаат да донираат средства за лекување на Ацо Богдановски – Конга да го сторат тоа до крајот на месец ноември на телефонскиот број 14 741 достапен од сите мобилни оператори во земјава со истата цена на чинење на СМС пораката 35,00 + ДДВ. Уште еднаш благодарност до T-MOBILE, ONE и VIP коишто за оваа намена се откажуваат од својот дел од профитот.

Според досегашната евиденција на вкупниот приход, МРТ треба да префрли средства од околу 180.500,00 денари, на сметка на Ацо Конга, како и сите оние дополнителни средства коишто ќе стигнат до крајот на месецот, а се надеваме дека ќе бидат во голем број. Сакаме да изразиме благодарност до сите автори, музичари, изведувачи и секако нашите колеги од другите медиуми кои дадоа свој белег во напорите за повторно заживување на македонската музика.“ – пишува во соопштението од Македонската Радио Телевизија.



Врати се горе ↑