Галерија

30 јануари, 2018

172 учесници, 31 тим и 28 направени игри на „Глобал гејм џем 2018“

Глобал гејм џем“ (Global Game Jam) е најголемиот интернационален настан за креирање и правење на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на голем број локации низ целиот свет во вид на 48-часовен маратон. Како дел од Меѓународната асоцијација на развивачи на игри (International Game Developers Association – IGDA), неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање.

„Глобал гејм џем“ годинава, од 26 до 28 јануари, по шести пат се одржа и во Македонија. Во Скопје и Битола учествуваа вкупно 172 учесници. Беа склопени 31 тим, а беа направени 28 игри. Во Скопје продефилираа приближно 300 посетители за време на траењето на маратонот со дополнителни посетители и минувачи за време на презентациите. Таа бројка во Битола се движи над 200. Организаторите дадоа 7 интервјуа за интернет и пишани медиуми и три интервјуа и гостувања во емисии и вести.

Беа изедени 517 сендвичи, 211 буреци и 58 пици и безброј чоколада (не ги броевме). Беа испиени приближно 480 литри Кока Кола, 350 литри сок, 300 литри вода и 500 лименки Ред Бул. Отидоа 450 пакетчиња Квики, а беа потрошени преку 1.000 чашки за кафе. Беше потрошено 670 гигабајти интернет сообраќај, се работеше со 90 метри продолжни кабли, а се искористи 1.400 метри тоалетна картија. Се направи мини турнир во Текен и се играше Nintendo Entertainment System турнир. Се играа борд гејмови, карти (Бељот) и Мафија.

Во организацијата на настанот беа вклучени 39 луѓе. 70% од учесниците беа машки и, на наше огромо задоволство, процентот на девојки учеснички од претходните години се зголеми на 30%. Најмногу се програмираше во Јунити (Unity) но и во Анриал (Unreal), Констракт 2 (Construct 2), Пајтон (python), „Скреч“ (Scratch), Веб-џи-ел (WEBGL).



Врати се горе ↑