Настани DSC_4724-2_top

18 април, 2013

17 бендови од Македонија во трка за Јелен Демофест

Како што пишува во соопшението од организаторот, конкурсот за шестиот Јелен Демофест беше официјално затворен на 15-ти април во 23:59:59 и до тој момент пристигнале дури 428 пријави од бендови од шесте земји во регионот: Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Словенија.

Најмногу пријави пристигнале од Србија, дури 175, додека од Босна и Херцеговина стигнале 110. Следна е Хрватска од каде што пристигнале 78 пријави, од Словенија 36, од Македонија 17 и од Црна Гора 12 пријави. Организаторите велат дека пристигнале и неколку пријави од Италија, Австрија и Бугарија, но поради пропозициите на фестивалот кој го ограничува географскиот простор на шесте споменати земји, не биле во можност да ги разгледаат тие пријави.

„Многу ни е мило што и оваа година бендовите покажаа огромен интерес за нашиот фестивал во натпреварувачкиот дел на програмата. Тоа уште една ја потврдува важноста на Јелен Демофест за целиот регион и потребата на бендовите да го покажат квалитетот на својот авторски израз“ – истакнуваат од организациониот тим на Јелен Демофест.

Сите пријави веќе отпатуваа на адресите на членовите од жири комисијата, кои имаат задача да ги преслушаат сите 856 пристигнати композиции до 15-ти јуни, а потоа според своето стручно мислење да одлучат кои 30 бендови заслужуваат да настапат на големата бина на Јелен Демофест од 18-ти до 20-ти јули.

На денот кога ќе бидат објавени резултатите од гласањето на жири комисијата, 15-ти јуни, ќе бидат објавени и имињата на членовите на жирито, кои ќе се соочат со оваа доста тешка задача. До првиот ден на Јелен Демофест останаа уште три месеци, а наскоро ќе бидат познати и учесниците на ревијалниот дел од програмата, како и дневната програма на фестивалот. Влезот на сите содржини од претстојниот Јелен Демофест ќе биде бесплатен.

 



Врати се горе ↑