30 март, 2016

15-годишната стружанка е вистинска оперска дива

15-годишната Елена Бимбилоска од Струга е уште една Македонка која воодушевува на натпреварот „Пинкови ѕвездички“, а со нејзиниот настап во последната епизода докажа дека вистинска оперска дива. Имено, со изведбата на познатиот хит „Time To Say Goodbye“ од Андреа Бочели, младата ѕвездичка го остави жирито без текст, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе.

Покрај оваа песна, Бимбилоска настапи и со темата „Кошава“ од Јелена Томашевиќ, а во претходните емисии се претстави и со уште неколку светски и балкански хитови, на кои можете да се потсетите овде.



Врати се горе ↑