Видео

13 мај, 2019

15-годишен битолчанец со одлична преработка на хитот „Human“

Освен бројните музички емисии и натпревари, младите музички таленти денес ја имаат и можноста да покажат што знаат и умеат и преку онлајн-платформите, меѓу кои секако дека најпопуларна е Јутјуб. Некои од најпознатите музички ѕвезди во моментов својата приказна ја започнале токму на овој начин, а други ќе го сторат тоа допрва. Слична е ситуацијата и кај нас, па ние секогаш со задоволство споделуваме видеа од нови музички надежи.

Најновиот пример доаѓа од Битола, градот на конзулите од каде што произлегоа бројни музички уметници и творци. 15-годишниот средношколец Благојче Дарковски уште еднаш го оправда овој факт и неговата изведба на хитот Human од британската ѕвезда Рег-ен-боун мен веднаш наиде на позитивни критики од публиката, сето тоа со поддршка од продукцијата „Мјау-дакшн“ (MeowDuction Production).

Се надеваме дека ова е само почеток за талентираниот битолчанец и дека наскоро ќе нè почести и со авторска песна, а како изгледа и звучи неговата прва преработка, дознајте во продолжение. Уживајте!

И.Ј.



Врати се горе ↑