Видео миа мустафа

7 ноември, 2017

14-годишната Миа Мустафа од Скопје воодушеви во „Пинковите ѕвездички“

„Македонциве се лудило! Најубавото за крај!“, ова беа коментарите на Јелена Томашевиќ кога ја слушна 14-годишната Миа Мустафа од Скопје, чиј настап беше последен во најновата епизода од музичката емисија „Пинкови ѕвездички“. Талентираната пејачка се претстави со хитот „Runnin’“ од Ноти Бој и Бијонсе, а сите членови на жирито истовремено го дадоа својот глас за неа уште при првите отпеани стихови.

Освен неколкуте мали конструктивни критики, Миа доби огромни пофалби од жирито, а нејзиниот одличен настап можете да го погледнете во видеото во продолжение, на 01:38:22. Уживајте!



Врати се горе ↑