9 јануари, 2016

14-годишна кумановка ја „растура“ бондовата песна од Сем Смит

Музичките емисии во регионот и понатаму се одлична можност за младите македонски таленти да покажат што знаат и умеат, па овој пат на ред дојде и 14-годишната Мартија Станојковиќ од Куманово, која се натпреварува во тековната сезона на „Пинковите ѕвездички“. Во последната епизода од емисијата, Мартија одбра мошне тешка задача – да отпее песна од британската ѕвезда Сем Смит, и тоа не која било песна, туку бондовата тема „Writings On The Wall“!

Нејзината изведба на оваа моќна балада навистина ги трогна членовите на жирито, а како изгледаше сето тоа погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑