Македонија ag

30 јули, 2014

14-годишна битолчанка освои трето место на музички фестивал во Словенија

Битолчанката Ана Гаштарова, претставувајќи ја Македонија, го освои третото место на Интернационалниот музички фестивал „Бледски златен микрофон 2014“ во Блед, Словенија. 14-годишната Гаштарова се искачи на третото место и покрај огромната конкуренција од страна на 52 учесници од Малта, Македонија, Шведска, Романија, Бугарија, Перу, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија и други земји.

„Секој учесник прво се претставува со песна на мајчин јазик, а потоа со песна на странски јазик. Настапот на Ана на македонски јазик предизвика големо внимание кај публиката“, рече Тони Алексовски, претседател на жирито на фестивалот „Бледски златен микрофон“ и раководител на детскиот фестивал „Тра-ла-ла“, чиј претставник беше наградената Ана Гаштарова.

Покрај Гаштарова, на овој фестивал Македонија ја претставуваа и Илона Шундовска и Андреа Шундовска.



Врати се горе ↑