Свет mjb-mm

29 ноември, 2014

13 ремикси кои биле поуспешни од оригиналите

Едно од највозбудливите нешта во врска со поп музиката е процесот на создавање на песната, но што ако некој од вашата песна направи уште поуспешна песна? Да ја земеме на пример песната „You’re All I Need/I’ll Be There For You“, која во дует ја изведуваат Метод Мен и Мери Џеј Блајџ и која се нашла на третото место на Хот 100 листата во 1995 година. „All I Need“ е песна која Метод Мен ја објави на својот албум „Tical“, а тогашниот основач и директор на етикетата „Деф џем“ (Def Jam), Лајор Коен, инсистирал да се направи ремикс со Мери Џеј Блајџ со цел Метод Мен да придобие нова публика, која не е врзана исклучиво за хип-хоп. Овој ремикс можете да го погледнете во долу:

 

Во продолжение следи списокот со 13 преработки кои на топ листите го надминале успехот на оригиналните верзии:

13. „Евритинг бат д грл“ – „Missing“ (Тhe Todd Terry Remix)
Највисока позиција: 2, февруари 1996 година.

Тод Тери направи ремикс на песната со која групата „Евритинг бат д грл“ за прв пат влезе на американската топ листа.

 

12. Ар Кели – „Ignition“ (Remix)
Највисока позиција: 2, март 2003 година.

Ар Кели е еден од првите музичари кои споил два жанра: хип-хоп и ар-ен-би. Неговата песна „Ignition“ и нејзиниот ремикс се најдоа на албумот „Chocolate Factory“. Ремиксот стана поголем хит од оригиналот.

 

11. „Ди-ен-еј“ и Сузен Вега  – „Tom’s Diner“
Највисока позиција: 5, декември 1990 година.

Оригиналната а капела верзија на оваа песна е објавена на албумот „Solitude Standing“ од Сузен Вега (Suzanne Vega).

 

10. Кид Кади – „Day ‘N’ Night“ (Crookers Remix)
Највисока позиција: 3, мај 2009 година.

 

9. Лана Дел Реј – „Summertime Sadness“ (The Cedric Gervais remix)
Највисока позиција: 6, септември 2013 година.

 

8. „Дјуран Дјуран“ – „The Reflex“ (Single Version)
Највисока позиција: 1 (2 недели), јуни 1984 година.

На настанувањето на песната мошне големо влијание имал албумот „Diana“ (1980) на Дајана Рос, кој го продуцирале Најл Роџерс и Бернард Едвардс. Токму затоа „Дјуран Дјуран“ го замолиле Роџерс да направи ремикс на песната „The Reflex“.

 

7. Џорџ Мајкл – „Monkey“ (Jam and Lewis Version)
Највисока позиција: 1 (2 недели), август 1988 година.

Џими Џем и Тери Луис работеа на хитови за Принс, Џенет Џексон и „Хјуман лиг“.

 

6. Тупак – „California Love“ (Original Mix)
Највисока позиција: 1 (2 недели), јули 1996 година.

 

5. Џо и Мистикал – „Stutter“ (Double Take Remix)
Највисока позиција: 1 (4 недели), февруари 2001 година.

Оригиналната верзија на песната беше објавена на албумот „My Name Is Joe“.

 

4. Кејти Пери и Канје Вест- „E.T.“ (Remix)
Највисока позиција: 1 (5 недели), април 2011 година.

 

3. „112“ со Ноториус Би-Ај-Џи и Мејс – Only You” (Remix)
Највисока позиција: 13, септември 1996 година.

 

2. „Ес-даблју-ви“ – „Right Here“ (Human Nature Mix)
Највисока позиција: 2, oктомври 1993 година.

„Human Nature“ беше голем хит од Мајкл Џексон.

 

1. „Лос Дел Рио“ – „Macarena“ (Bayside Boys Mix)
Највисока позиција: 1 (14 недели), август 1996 година.

„Бејсајд бојс“ ја обработија оваа популарна шпанска песна на англиски јазик. „Macarena“ беше хит на топ листите повеќе од година дена.

Извор: „Билборд“ и „Ем-ти-ви“



Врати се горе ↑