Свет gaga bieber

2 јануари, 2013

13 најочекувани изданија за 2013 година

Како што пишува магазинот Idolator, 2012 беше малку необична година во светот на поп музиката – некои од големите имиња потфрлија со своите нови изданија од кои се очекуваше многу (тука како пример се наведуваат албумите кои, меѓу другите, ги претставија Мадона и Кристина Агилера), додека како „албуми на годината“ се истакнаа некои од кои тоа не се очекуваше, како што беше случајот со изданијата на изведувачите Мигел, Френк Оушн и Фиона Епл. Меѓутоа, 2013-та лесно може да биде година во која поп музиката се враќа „на голема врата“ – нови албуми најавуваат имиња од „тешката категорија“ како што се Бијонсе, Лејди Гага и Еминем, а редакцијата на магазинот Idolator направи список од 13 изданија од кои најмногу се очекува оваа година, а кои се тие можете да видите во продолжение.

  • 1. Justin Bieber“Believe: Acoustic”, датум на објавување 29- ти јануари
  • 2. Beyoncé,  името и датумот на објавување сè уште не се познати
  • 3. Lady Gaga, “ARTPOP”, се очекува датумот на објавување
  • 4. Eminem, името и датумот на објавување сè уште не се познати
  • 5. The Wanted, името и датумот на објавување сè уште не се познати (можно е да има два албума)
  • 6. Miley Cyrus, името и датумот на објавување сè уште не се познати
  • 7. A$AP Rocky“Long.Live.A$AP”, датум на објавување  15-ти јануари
  • 8. Mariah Carey, се очекува името на албумот, а истиот ќе биде објавен во март
  • 9. Demi Lovato, името и датумот на објавување сè уште не се познати
  • 10. Selena Gomez, името и датумот на објавување сè уште не се познати
  • 11. Tegan & Sara“Heartthrob”, датум на објавување 29-ти јануари
  • 12. Lil Wayne“I Am Not A Human Being II”, датум на објавување „почеток на 2013 година“
  • 13. Paramore, “Paramore”, датум на објавување 9-ти април

Извор: Idolator



Врати се горе ↑