22 март, 2016

13-годишната Миа од Хрватска ја освојува Америка

Талентираната Миа Неговетиќ од Хрватска, која за домашната јавност е позната по учествата на натпревари за млади музички таленти, учествуваше во слична емисија што се емитува на американската телевизија Ен-би-си, „Мали генијалци“ (Little Big Shots), чиј водител е Стив Харви.

13-годишната пејачка ја воодушеви целата американска јавност со одличната изведба на хитот „Listen“ од Бијонсе, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑