Настани 11571_444826558928392_929445025_n

15 април, 2013

12-то издание на ОФФ-фест од 1-6 јуни

Музичари од Индија, Шпанија, Јужна Кореја, Турција, Колумбија, Велика Британија, Мароко, Сенегал, Финска, Словенија и од Македонија ќе настапат на 12. издание на ОФФ-Фест што ќе се одржи од 1-ви до 6-ти јуни во Скопје. Според програмата, предвидени се шест фестивалски вечери, а ќе биде прикажан и еден музички документарец.

Годинашното издание на ОФФ-Фест ќе го отвори популарната индиска ситаристка Анушка Шанкар и нејзиниот актуелен рага-фламенко проект „Тraveller“, со кој ја стекна номинацијата за наградата Греми и титулата Најдобар музичар на магазинот „Сонглајнс“.

На втората фестивалска вечер скопјани ќе имаат можност првпат да ја почувствуваат во живо магијата на музиката на турското Таксим трио, а истата вечер ќе настапат и нашите Елена Христова и Горан Трајкоски со својот проект „Bioscopia“.

На 4-ти јуни ќе настапи првиот состав од Словенија на ОФФ-Фест, бендот Брина, предводен од талентираната и меѓународно етаблирана пејачка Брина Вогелник. На претпоследната вечер, на 5-ти јуни ќе настапат колумбиските Buena Vista SocialClub, Ondatropica, како и мароканско-сенегалската комбинација Aziz Sahmaoui & University of Gnawa.

ОФФ-Фест 2013 ќе заврши на 6-ти јуни, со аудио-визуелен перформанс на финскиот виртуоз и револуционер на хармониката Kimmo Pohjonen и со концертот на јужнокореански инструменталисти Tori Ensemble.

Во рамки на ОФФ-Фест, на 3-ти јуни ќе биде прикажан документарниот филм за Kimmo Pohjonen –  „Soundbreaker“. Една вечер подоцна со свој ди-џеј сет ќе се претстави Quantic, во придружба на Frente Cumbiero, заедно познати под името Ondatropica Sound System.

Фестивалот годинава ќе се одвива на повеќе локации – Универзална сала, салонот на Македонската опера и балет и кино „Фросина“.

www.offest.com.mk



Врати се горе ↑