Балкан luka kaliopi ja imam talenat

19 ноември, 2012

11-годишно момче ја отпеа „Црно и бело“ на Калиопи

На вчерашната премиерна емисија од шоуто „Јас имам талент“, младото единаесетгодишно момче Лука Стојичевиќ во придружба на гитарата на неговиот татко ја отпеа евровизиската „Црно и бело“ со која Калиопи ја претстави Македонија годинава во Баку. Лука, кој е еден од бројните кандидати годинава, изјави дека сака да ја запознае Калиопи, сака да пее и смета дека тоа е неговиот талент. Младото момче одлично ја имитираше Калиопи, а публиката го награди со громогласен аплауз. Членката на жирито, Наташа го пофали неговиот глас бидејќи пее феноменално, велејќи дека многу пејачи би му завиделе на гласот. Тасовац на сцената ја повика и неговата мајка и рече дека е прекрасно да се види насмеано и среќно семејство, а кон коментарите за прекрасниот глас на Лука се придружи и третиот член на жирито, Иван Босиљчиќ. Со три потврдни одговори, малиот Лука продолжува во шоуто, а можеби навистина ќе ја запознае Калиопи.

 

 



Врати се горе ↑