Балкан 2

17 април, 2013

11-годишно девојче од Скопје го шокира жирито на „X-Factor“ во Албанија

Ова прекрасно девојче кое поседува неверојатни гласовни способности е родено во Скопје и има само 11 години, нејзиното име е Канита Сума. Таа е ученичка во VI-то одделение при основното училиште „Бајрам Шабани“ во Скопје и на училишните манифестации секогаш е дочекувана како вистинска ѕвезда. За нејзиниот талент масовно се дознава по аудицијата на „X-Factor Albania 2“ која се одржа во Тетово.

„Со поддршката од моето семејство тргнав за Тетово, песната која ја избрав да ја испеам беше песната од Бијонсе„Listen“, максимално подготвена влегов во салата, преплавена од емоциите, но уверена во себеси дека можам да се соочам со овие емоции влегов внатре и го дадов мојот максимум за време на мојот настап. На крајот ги слушнав коментарите од страна на големата Вера Грабовца за мојот глас, а воедно бев поздравена со една топла насмевка барајки го мобилниот број од родителот. Се разделив задоволна и весела затоа што бев дел од ова аудиција, меѓутоа од друга страна почуствував еден вид на тага зошто не можев да продолжам понатаму. По неколку недели татко ми дојде од работа и ми соопшти најубава вест велејќи дека Вера му се јавила и дека јас ке ги продолжам аудициите за во „X-Фактор Албанија 2“ – вели Канита.

По многу преговори и малтретирања, продуцентите се одлучуваат да ѝ дадат шанса на малата Канита да се покаже, но и покрај тоа што постојано се пласира на врвот во шоуто, продуцентите сепак не ѝ дозволуваат да влезе во финалето поради возраста.

Со силна поддршка од семејството, Канита одлучува да продолжи со својата музичка кариера. Во голем избор за менаџер кој ќе ја води нејзината кариера, родителите ја избираат OnAir.FM Macedonia како менаџерска компанија која во иднина ќе се грижи за кариерата на нашата сограѓанка Канита Сума.

 „Во моментов се довршува нејзината песна, наскоро ќе снимиме видео запис и сето тоа ќе ѝ го прикажеме на јавноста, убедени сме дека неверојатните гласовни способности на Канита ги заслужуваат најдобрите песни“ – вели Исни Калиши – менаџер на OnAir.FM Macedonia.

 



Врати се горе ↑