Настани ImageProxy

13 јануари, 2014

11 000 луѓе се веќе подготвени за Егзит 2014

ЕГЗИТ Авантурата постави нови рекорди! Два дена пред истекот на промотивната продажба, влезници за фестивалот веќе обезбедија повеќе од 11 000 луѓе, што е историски максимум на ЕГЗИТ фестивалот во продажбата во првиот промотивен период, и зголемување од над 100% во однос на истиот период претходните години! Интересирањето за ЕГЗИТ 2014 е исклучително големо во целиот свет, а покрај домашните љубители на фестивалот, предводат фановите од земјите во регионот и од Западна Европа.

Петнаесеттото издание на ЕГЗИТ фестивал е во знак на ЕГЗИТ АВАНТУРАТА која носи неверојатна новост – седум дена летна забава на два фестивала во две држави. Еден од најдобрите европски фестивали ЕГЗИТ, ќе се одржи од 10-13 јули 2014 година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, а потоа следува и СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ (Sea Dance Festival) кој од 15-17 јули по прв пат ќе се одржи на плажата Јаз, една од најубавите плажи на Јадранот.

Искористи ја последната шанса бесплатно да добиеш карта за СИ ДЕНС. Само уште денес и утре до крајот на денот во продажба ќе бидат промотивните комплет влезници за ЕГЗИТ по цена од 3200 денари, со 50% попуст во однос на редовната цена на влезниците за фестивалот, со кои како подарок добивате и карти за тридневниот СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ на плажата Јаз во Црна Гора, додека членовите на ЕГЗИТ трајб добиваат и гратис камп во Нови Сад.

Од 15-ти јануари цената на четиридневните влезници за ЕГЗИТ фестивал ќе биде 3 580 денари, додека комплетот ЕГЗИТ АВАНТУРА (ЕГЗИТ + СИ ДЕНС) ќе може да се купи по цена од 4.230 денари. Посебните влезници за СИ ДЕНС фестивалот ќе бидат дополнително пуштени во продажба.

Редовната цена на влезниците за ЕГЗИТ ќе биде 7 250 денари, а за СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ 2 630 денари. Повеќе информации на www.exitfest.org.

 

ЕГЗИТ ТРИП ПАКЕТИ – ВЛЕЗНИЦИ, ПРЕВОЗ И СМЕСТУВАЊЕ ОД 6 300 МКД!

Искористи ги фестивалските аранжмани посебно дизајнирани за незаборавен летен провод, со врелите јулски ноќи, кампување под ведро небо, патување со екипата, безброј впечатоци и несекојдневни моменти со младите луѓе од целиот свет! Само уште денес и утре купи ги пакетите по посебна понуда:

ЕГЗИТ ПАКЕТ кој вклучува влезница за ЕГЗИТ, превоз од Скопје до Нови Сад и назад, како и сместување во ЕГЗИТ кампот веќе од 6 300 денари.

ЕГЗИТ АВАНТУРА ПАКЕТ кој вклучува влезници за ЕГЗИТ и СИ ДЕНС, превоз од Скопје до ЕГЗИТ фестивал, од ЕГЗИТ до СИ ДЕНС фестивал и назад во Скопје, како и камп во Нови Сад и на Јаз веќе од 8 780 денари.

Промотивната понуда трае до 14-ти јануари до крајот на денот. Повеќе информации за пакетите ЕГЗИТ и ЕГЗИТ АВАНТУРА, како и резервација на пакетите ќе најдете на www.exittrip.org/eng/и www.mktickets.mk.

Влезниците за ЕГЗИТ 2014 во Македонија се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и официјалното продажно место Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат).



Врати се горе ↑