За Вас eminemstan_061814359529_640x360

18 март, 2016

10 видео записи според кои би требало да се снимат филмови

Видео записите се одличен начин да се зголеми промоцијата и популарноста на песните, но некои од нив имаат мошне интересни приказни што навистина е штета што се ограничени на само неколку минути. Британски „Њу мјузикл експрес“ направи интересен список со помалку и повеќе познати спотови кои можат да послужат како одлична инспирација за филм. Ова се дел од нив…

Продиџи – Smack My Bitch Up

Аргентинскиот режисер Гаспер Ное е добро запознаен со мрачната страна на животот и затоа сметаме дека би бил совршен избор ако по некоја случајност би се снимала филмска верзија на овој хит од „Продиџи“. Замислуваме многу прости зборови, необични агли за снимање и ознаката „не е за помлади од 18 години“.

 

Лана Дел Реј – Video Games

Би сакале да видиме што би можела да направи Софија Копола со видео записот за оваа песна од Лана Дел Реј. Веќе гледаме бројни ретроспективни сцени, Лана во улога налин на онаа на Бланш Дубуа, како лежи покрај длабок базен… и секако многу убава и раскошна облека.

 

Мјуз – Knights of Cydonia

За бенд толку брилијантен како „Мјуз“, појавувањето на големото платно би бил логичен чекор во нивната битка за (музичка?) доминација со светот. Бидејќи песната е практично „Џанго разузданиот“, само со многу ласери, претворањето на овој видео запис во филм би бил само уште еден работен ден за Квентин Тарантино.

 

Еминем – Stan

Видео записот за залудениот фан на некој начин е веќе мал филм. Сепак, како што Еминем во „Осмата милја“ веќе докажа дека има талент и за филмската индустрија, оваа приказна практично би се напишала сама од себе. Сè што би било потребно е повторно да го вклучи и режисерот Куртис Хенсон и… чудно е што не го направиле тоа досега.

 

Рејдиохед – Just

М. Најт Шајмалан („Шесто сетило“) изгради кариера со хорори, кои малку по малку ви ги кинат нервите. Централната застрашувачка сцена во видео записот за „Just“ и необјаснивиот крај како да се создадени за овој режисер.

 

Колдплеј – The Scientist

Можеби идејата цели два часа да го гледате Крис Мартин на големото платно е сепак премногу… Но, доколку видео записот за „The Scientist“ биде екранизиран, ги има сите предиспозиции да се најде меѓу номинираните за Оскар.

 

Бијонсе и Лејди Гага – Telephone

Сè во овој видео запис едноставно вриска „Холивуд!“. Две од најпознатите пејачки на светот бегаат од полицијата како Телма и Луиз во многу пооткачена облека. Веќе долго време не се појавил хит филм за моќта на девојките, а кој би можел да биде подобар за тоа од Гага и Бијонсе?

 

Дејвид Боуви – Space Oddity

Ако го занемарите видео записот во кој Боуви седи на столица, оригиналното промотивно видео за оваа песна беше брилијантно и необично, совршено за филм. Боуви во улога не мајорот Том, контролор за летање, згодни жени… Единствено што му недостасуваше е само помош од неговиот син Данкан Џонс и ете ни модерен романтичен филм сместен во бескрајната вселена.

 

Блур – Parklife

Сите тие луѓе, толку многу луѓе… Но што се случува со сите нив откако Фил Даниелс ќе си замине во својот Форд Гранада? Со толку многу ликови вредни за подлабоко истражување, „Parklife“ би можел да биде новиот британски хит, нешто како „Trainspotting“, само со многу помалку наркотици и многу повеќе сладолед.

 

Мајкл Џексон – Thriller

Веројатно најпознатиот видео запис воопшто, „Thriller“ со своите 13 минути е веќе краток филм. Но, ако ги одземеме разиграната зомби дружина, а го додадеме Гијермо дел Торо, ќе го добиеме најлесниот, најзабавниот и најспектакуларниот хорор воопшто!

Извор: NME.com

 

 



Врати се горе ↑