Настани sziget

28 февруари, 2014

10 нови имиња за Сигет 2014

Организацијата на Сигет  објави нова листа на имиња кои се потврдени за 2014. На „Островот на Слободата“ ќе настапат и The Prodigy, Lily Allen, Bonobo, Ska-P, Kavinsky, La Roux, Miles Kane, Palma Violets, Fink и Jagwar Ma. Фестивалот Сигет ќе се оддржи од 11-ти до 18-ти август.

Сигет се одржува на прекрасниот зелен остров Обудаи во срцето на Будимпешта и е совршен спој на летен одмор и фестивалско доживување. Покрај забавата, уметноста и многуте активности, Сигет  нуди и музичка дружба со најзвучните светски имиња, а за програмата на овогодишното издание веќе ги објави:

Macklemore & Ryan Lewis / Queens of the Stone Age / The Prodigy / Placebo / Skrillex /Calvin Harris /Lilly Allen / Bastille / Imagine Dragons/ Jake Bugg / Stromae / Die Fantastischen Vier / London Grammar / La Roux / Ska-P / Tom Odell / Miles Kane / Klaxons / Michael Kiwanuka / Laidback Luke / Darkside / Bonobo / Palma Violets / The Big Pink / Fink / Kavinsky live / Borgore / Jagwar Ma / Brody Dalle / Starlight Girls

Во оваа пригода објавуваме уште  десет нови имиња…

Со 25 милиони продадени албуми и извонредна популарност стекната низ годините, Продиџи (The Prodigy) се задолжителни ѕвезди за која и да е фестивалска главна сцена. Веројатно најуспешниот британски елетронски состав, ќе настапи повторно на Сигет.

Младата, енергична и екстравагантна поп пејачка Лили Ален (Lily Allen), исто така ќе биде дел од овогодишната програма на фестивалот. Изминатиот ноември го издаде нејзиниот најнов сингл „Hard Out Here“, а во моментов работи на нејзиниот трет студиски албум за кој дознаваме дека ќе го носи името „Sheezus“.

Ла Ру (La Roux)  и гласот на Ели Џексон (Elly Jackson) се познати на сите фанови на поп музиката. Синт-поп дамата и нејзиниот партнер Бен Лангмејд (Ben Langmaid), кој воедно е и продуцент, текстописец и клавијатурист, се едни од најпопуларните поп изведувачи од 2000-тите.

Популарниот ска-панк бенд од Мадрид, Ska-P, исто така ќе настапи на Островот на Слободата. Ретки се тие бендови што можат визуелно да ве стимулираат како што тоа го прави овој бенд, а оваа година ќе може со свои очи да се уверите на Сигет.

Мајлс Кејн (Miles Kane), поранешниот фронтмен на The Rascals и ко-фронтмен на Last Shadow of Puppets, веќе има и своја успешна соло кариера. Досега има издадено два студиски албуми, од кои минатогодишниот „Don’t forget Who You Are“, доживеа навистина голем успех.

Сајмон Грин (Simon Gree)n познат како Bonobo, е артист кој максимално го користи својот потенцијал. Веројатно најпознат е по „Black Sands“– маестралниот албум од 2010 кој е совршен спој на извондредната мелодиска генијалност на Грин и модерната електроника, бас и тапани.

Палма Вајолетс (Palma Violets) се едни од оние пост-гаражни рок бендови на денешницата кои најмногу ветуваат. Нивниот прв сингл „Best of Friends“ кој е пример за груб и експлозивен сиров рокенрол, беше прогласен за Песна на 2012 година од страна на етаблираните NME.

Електронскиот музичар и продуцент Винсен Белорже (Vincent Belorgey), попознат како Кавински (Kavinsky), е еден од најважните и најкреативните ѕвезди на француската електронска сцена. Често споредуван со Дафт Панк и Дејнџр, неговиот деби албум „OutRun“ се здоби со голем успех и тоа беше знак за почеток на светска турнеја наречена OUTRUN LIVE TOUR во која дел е и настапот на Сигет 2014.

Финк (Fink) е британски кантавтор, кој е познат по неговите креативни текстови, софистицираните и романтични песни и харизматичните настапи. Има издадено пет албуми во изминатите десет години, а пред две години го посети и Сигет со неговиот албум „Perfect Darkness“.

Џегуaр Ма (Jagwar Ma) ќе бидат вистинска сензација на Островот на Слободата. Австралијанското трио составено од Гејбриел Винтерфилд (Gabriel Winterfield), Џона Ма (Jona Ma) и Џек Фримен (Jack Freeman) создаваат психоделична денс музика која ја хипнотизира публиката.

      *****

Во следните недели се подготвуваат уште многу нови објави за Островот на Слободата 2014, музички имиња, најразлични забавни активности и уметност во сите форми! Повеќе информации за фестивалот и за продажбата на билетите:

www.szigetfestival.mk
www.szigetfestival.com



Врати се горе ↑