Свет wim

23 декември, 2014

10 „незаборавни песни“ од оваа година

Британскиот „Ем-ти-ви“ објави список со песни од оваа година кои ви се „вовлекле во главата“ и потоа сте ги потпевнувале цел ден, без оглед на тоа дали ви се допаѓало или не. Годинава беше навистина преполна со такви заразни поп хитови, но пред да ги наброиме, решивме да ги споделиме резултатите од едно истражување кое во 2011 година го спроведоа научниците од Универзитетот „Голдсмитс“.

Имено, сакајќи да ја дознаат „формулата за хит песна“, односно песна која кога ќе ја чуете не можете да ја исфрлите од главата, научниците предводени од музичкиот психолог д-р Даниел Муленсајфен се обиделе да одредат кои се најзаразните песни, па потоа да ја проучат нивната структура и да откријат што им дава таков „квалитет“ и зошто се толку певливи и незаборавни. Според истражувањето, најзаразнaта песна на сите времиња е „We Are The Champions“ од „Квин“, како и хитовите „YMCAод „Д вилиџ пипл“, The Final Countdown од „Јуроп“, „Ruby“ од „Кајзер чифс“, „Livin’ On A Prayer“ од „Бон Џови“ и други.

Како што се наведува во студијата, научниците проучувале илјада доброволци кои се обиделе да пеат со голем број различни предложени песни, па така дошле до заклучокот дека „певливоста“ на одредена песна се состои од четири компоненти: долги и детални музички фрази, чести промени на тоналитетот во рефренот на песната, машки вокали и особено „машки вокали со повеќе фреквенции кои прават забележлив напор во пеењето на одреден сегмент“. Нивните заклучоци потполно се совпаѓаат со списокот песни кои биле рангирани во склад со реакциите на доброволците, а д-р Муленсајфен резултатите ги објаснува вака:

„Секој музички хит се потпира на математика, наука, инженеринг и технологија; од физиката и фреквенцијата на звукот која ги одредува тоналитетот и хармонијата до високо-технолошкото дигитално обработување на звукот и синтисајзерот, кои ги додаваат ефектите кои ја прават песната да биде ’певлива’. Станува збор за посебна комбинација на неврологија, математика и когнитивна психологија, со која може да се направи ’формула’ за произведување на совршена ’певлива’ песна“, објаснил д-р Муленсајфен.

 Очигледно оваа формула била искористена во следниве 10 песни кои сигурно сè уште не можете да ги извадите од глава:

1. Меган Трејнор – „All About That Bass“

Деби синглот на младата американска пејачка, кој за малку ќе го отпееше Бијонсе, собори повеќе рекорди освојувајќи ги врвовите на топ листите ширум целиот свет.

 

2. Идина Мензел – „Let It Go“

Хитот од најуспешниот анимиран филм на сите времиња – Дизниевото „Снежно кралство“, беше награден и со престижната награда Оскар.

 

3. Вил Ај Ем и Коди Вајс – „It’s My Birthday“

 

4. Иги Азалија и Чарли Екс-си-екс – „Fancy

 

5. Ед Ширан – „Thinking Out Loud“

 

6. Сиа – „Chandelier“

 

7. Сем Смит – „Stay With Me“

 

8. „Уан дајрекшн“ – „Steal My Girl“

 

9. Тејлор Свифт – „Shake It Off“

 

10. Џон Леџенд – „All Of Me“

Извори: mtv.co.uk и nme.com



Врати се горе ↑