Свет cxcx

15 декември, 2014

10 неочекувани хитови годинава

„Билборд“ објави листа на 10 неочекувани хитови во 2014 година, а сите од нив се нашле меѓу првите 20 места на листата „Хот 100“ во минатата година. Неочекувани се затоа што сите овие песни биле објавени во 2013 година или порано, а кои се тие можете да видите во продолжение.

„Меџик!“ – „Rude“ 
Овој канадски реге-поп бенд доминираше на топ листите во текот на целото лето.

 

Боби Шмурда – „Hot Boy“
Благодарение на тоа што едно време беше „Вајн“ феномен, како и бројните ремикси, песната „Hot Boy“ се најде во првите десет на листата „Хот 100“.

 

Идина Мензел – „Let It Go“
Бродвејската ѕвезда Идина Мензел стана планетарен феномен благодарение на изведбата на песната „Let It Go“ од Дизниевиот анимиран филм „Снежното кралство“.

 

„Дисклоужр“ и Сем Смит – „Latch“
Љубителите на денс музиката го следеа британското дуо од самиот почеток, а големиот хит „Lаtch“ е објавен во 2012 година, но на радио станиците во Америка стигна дури цела година подоцна, по објавувањето на нивниот деби албум „Settle“. Синглот се најде меѓу првите десет на „Хот 100“ листата дури во јули 2014 година.

 

„Соко“ – „We Might Be Dead By Tomorrow“
„We Might Be Dead By Tomorrow“ е исто така песна од 2012 година, која стана популарна како саундтрак за виралното видео „Прв бакнеж“ (First Kiss).

 

Чарли Екс-си-екс – „Boom Clap“
Британската пејачка со овој хит за прв пат се најде на оваа листа како соло изведувач во 2014 година.

 

диџеј Снејк и Лил Џон – „Turn Down For What“
Францускиот придуцент диџеј Снејк првично ја напишал оваа песна со семпл од Редмен, но на крајот бил додаден вокалот на Лил Џон.

 

Тов Ло – „Habits (Stay High)“
Шведската музичарка се најде на петтото место на „Хот 100“ листата со овој сингл кој доаѓа од деби албумот „Queen of the Clouds“.

 

Нико и Винз – „Am I Wrong“
Поранешните норвешки рапери одлучиле да се насочат кон афробитот и да го покорат целиот свет со својот летен сингл „Am I Wrong“.

 

„Ај лав Маконен“ и Дрејк – „Tuesday“
Во август, Дрејк иницирал соработка со раперот од Атланта и како резултат од тоа го добиле овој хит кој се најде меѓу најдобритр 20 на оваа листа.

 



Врати се горе ↑