Свет cd

18 октомври, 2014

10 најочекувани албуми за есенва

Компанијата која со децении се грижи за статистиката на британската топ листа, „Офишл чартс компани“ ја објави својата проценка за тоа кои 10 албуми најавени за наредниов период имаат најголеми шанси да го повторат успехот на своите претходници, а кои се тие можете да погледнете во продолжение.

Тејлор Свифт – „1989“

За наследникот на шампионот „Red“ од 2012 година, пејачката се инспирираше од музиката која беше популарна во периодот од доцните осумдесетти години, а насловот е всушност нејзината година на раѓање – 1989. Најавен со првиот сингл „Shake It Off“, албумот ќе пристигне на 27 октомври.

 

Демиен Рајс – „ My Favourite Faded Fantasy“

Ирскиот автор и пејач се враќа на сцената по пауза од седум години, а наследникот на деби изданието „О“, кое се продаде во 1,2 милиони примероци, е закажано за 3 ноември. Неговиот прв музички запис во последните осум години  за темата „I Don’t Want To Change You“  беше објавен пред два дена, а Вие можете да го видите во продолжение.

 

Келвин Харис – „Motion“

Популарниот шкотски диџеј и продуцент на 3 ноември ќе го претстави наследникот на мега-успешниот „18 Months“, издание кое понуди најголем број топ 10 синглови во историјата на британската топ листа.

 

Шерил – „Only Human“

Четвртиот соло албум на пејачката веројатно ќе го повтори успехот на првите три изданија (две дебитираа на прво место, а еден на второ), а изданието, на кое се шпекулира дека ќе гостува колешката од поранешната група „Грлс алауд“, Никола Робертс, се очекува на 10 ноември. По најавните синглови „Crazy Stupid Love“ и „I Don’t Care“, неодамна беше објавена и насловната тема која можете да ја слушнете во продолжение.

 

Фу фајтерс – „Sonic Highways“

Американскиот рок бенд предводен од Дејв Грол со синглот „Something From Nothing“ го најави своето осмо студиско издание кое се очекува на 10 ноември.

 

Кајза – „Sound Of A Woman“

25-годишната канадска пејачка и авторка на 1 декември ќе го претстави своето долгоочекувано деби издание, најавено со сингловите „Hideaway“, „Giant In My Heart“ и „No Enemiesz“.

 

Уан дајрекшн – „Four“

Едно од изданијата за кое не е потребна голема најава; претходниот албум „Midnight Memories“ е најпродаваниот албум за 2013 година, а „Four“ ќе пристигне на 17 ноември.

 

Ники Минаж – „The Pink Print“

Рап ѕвездата, која наскоро ќе ја видиме и во улога на водителка на претстојните европски музички награди на „Ем-ти-ви“, на 24 ноември ќе го претстави наследникот на „Pink Friday: Roman Reloaded“ од 2012 година.

 

Лабиринт – „Take Me To The Truth“

Долгоочекуваниот наследник на албумот „Electronic Earth“ веројатно ќе содржи и соработка со Ед Ширан, а се верува дека ќе пристигне на 1 декември.

 

Тејк дет – „III“

За прв пат како трио, сопствениците на шест број 1 изданија, својот нов студиски албум го најавија за 1 декември, а тоа го направија со неодамна објавениот сингл „These Days“.

Извор: MTV/Official Charts Company



Врати се горе ↑