Настани pivo3

13 јули, 2017

10 години „Пиволенд“ – Јубилејно издание на фестивалот што ќе трае 6 дена

Оваа година „Пиволенд“ прославува 10 години од своето постоење. Првиот гурмански викенд со пиво – „Пиволенд“ се одржа во 2008 година и за вкупно четири дена го посетија близу 60.000 љубители на овој древен пијалак. Веќе во 2009 година, имаше околу 150.000 посетители, а последните неколку години, бројката се зголеми за неколку пати.

pivo2

Денеска „Пиволенд“ израсна во пивски бренд, единствен и препознатлив фестивал на пивото во Скопје. Традиционално и оваа година, локацијата ќе биде скопското Кале, а фестивалот започнува на 7 август (понеделник) и ќе трае се до 12 август (сабота). Посетителите ги очекува многу добра музика, студено пиво и гурмански деликатеси.

pivo

Бидејќи се работи за јубилеен роденден на „Пиволенд“, се подготвуваат голем број изненадувања.

Пиволенд 2017 – Дојди, види, испиј!

pivo1



Врати се горе ↑