Аудио david-bowie

10 јануари, 2017

1 година од смртта на Дејвид Боуви

На денешен ден, пред точно една година светот изгуби една од најголемите музички икони на 20. век, Дејвид Боуви. Легендарниот британски музичар почина на 10 јануари 2016 година, само два дена откако наполна 69 години и го објави својот последен албум „Blackstar“.

Во текот на својата четиридецениска кариера, „Зиги Стардаст“ стана миленик на повеќе генерации, а неговите хитови како што се „Starman“, „Heroes“, „Fame“, „Life On Mars“, „Space Oddity“, „Rebel Rebel“, „Under Pressure“ и „Let’s Dance“, допрва ќе ги освојуваат срцата на младите вљубеници во музиката.

cnhe-7exgaa6ymz

Соодветно на неговиот статус на ѕвезда, благодарение на група белгиски астрономи, Боуви беше почестен и со соѕвездие, дополнето со интерактивна веб страна „Ѕвездена прашина за Боуви“ (Stardust for Bowie), каде што фановите можат да ги споделат своите омилени песни од музичарот, како и одблизу да го погледнат соѕвездието преку апликацијата на Гугл.

По повод неговиот 70. роденден, на 8 јануари беше објавено ЕП изданието „No Plan“, кое содржи четири песни напишани за мјузиклот „Lazarus“, меѓу кои и истоимената тема што се најде на албумот „Blackstar“. Токму насловната нумера беше претставена со текстуален видео запис, а како звучи „No Plan“ можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑